За да го отворите Капка® за прв пат, свртете го капачето се додека преградата не се продупчи, притоа не употребувајте голем притисок врз тубата со цел да не се излее.
Со примена на мала количина лепило ќе добиете подобро поврзување и побрзо стврднување.
Залепените делови да не се изложуваат на притисок и стрес околу 1 час.
Запомнете дека Капка® не е погоден за лепење на полиолефини (полиетилен и полипропилен), тефлон (PTFE), ЕВА гума или силикони.
Капка® е идеален за лепење делови чии површини совршено се спојуваат заедно; Капка® не е соодветна за пополнување.
Капка® има максимална отпорност на собна температура и издржлив е до 60°C во зависност од неговата употреба.
Капка® не е запалив.
Капка® не е отпорен на директен пламен.
Ако сакате да го користите Капка® за поголеми површини, треба да се применуваат капки на растојание од 2cm, и тоа секогаш само на едната страна.
Доколку Капка® случајно се излее за време на употребата, погодената област веднаш исчистете ја со ацетон. Но, претходно на помалку видлив дел од површината проверете дали ацетонот ја оштетува површината.
Запомнете никогаш да не притискате на тубата на Капка® ако отворот е затнат.
Одблокирајте го отворот со помош на игла, притоа внимавајте да не е насочен кон вас.
За да се продолжи долготрајноста на производот, чувајте го цврсто затворен во ладно, суво место и, доколку е можно, во вертикална позиција. По секоја употреба исчистете го врвот за апликација со крпа или хартија.
Ако Капка® се излее на рацете, препорачуваме обилно да ги измиете со топла вода, и да го отстраните вишокот на стврднато лепило со мек абразив (како што се пемза или камен за пети) под млаз вода. Потоа нанесете заштитен крем за раце.
Ако Капка® дојде во контакт со очите, не затворајте ги очните капаци, обилно измијте ги со млака вода и веднаш консултирајте го вашиот доктор.
Капка® не е одобрен за медицинска или ветеринарна употреба, затоа ние не препорачуваме употреба на било кој дел од човечкото тело, ниту на животни, ниту на стоматолошки помагала.