Капка®
работилница

Капка® е инстант лепило со кое можете да направите мали поправки во вашиот дом.

Како да поправите накит

Користењето на Капка® за да направите мали поправки во вашиот дом е многу лесно.

Ќе ви покажеме како да прикачите камен на ѓердан следејќи ги овие едноставни 4 чекори.

Чекор 1

За правилно да го залепите каменот на вашиот ѓердан најпрво мора да ги исчистите површините што треба да се залепат за да нема траги од прашина или нечистотија.

Чекор 2

Внимателно земете го ѓерданот и нанесете една капка на една од површините што треба да се залепат.

Чекор 3

Составете ги деловите еден до друг така што тие совршено ќе се вклопат.

Чекор 4

Држете ги деловите споени 60 секунди и тоа е тоа, ѓерданот е саниран.

Запомнете дека, благодарение на својата ексклузивна амбалажа, Капка® овозможува дозирање капка по капка, Тубата може да стои вертикално за да спречи капење и затнување на отворот за апликација.


Уште неколку поправки

Дали сакате да споделите некоја
поправка што сте ја направиле со Капка®?
Испратете ни видео или фотографии од вашата поправка, раскажете ни како сте го направиле и ние ќе ги објавиме.
Како да го направите ова?
Многу е лесно: снимајте се како ја извршувате вашата поправка и испратете ни видео или фотографии од она што сте го поправиле, раскажете ни како сте го направиле и ние ќе го објавиме. Испратете ги по e-mail со наслов: „Јас користам Капка®, внесете ги вашите лични податоци за да можеме да ве контактираме, и ако нашите експерти го одобрат, ние ќе ги објавиме со вашето име на нашата веб-страница и на социјалните мрежи.
Email: kapka@kapka.com.mk
Што друго можете да го поправите со Капка®?
+ Поправка на украси.
+ Лепење скршени делови од дрвен мебел
(исечени рабови, излупени ламинати, итн.).
+ Спојување на рамки за слики.
+ Поправка на ситни делови од гитара, виолина, инструменти воопшто.
+ Лепење на гумени црева.
+ Поправање на риболовни јазли.
+ Лепење на делови на часовници.